Радио Милева

Ана Севиќ жестоко му одговори на Дарко Лазиќ: „Да сакав да го следам неговиот стил на живот, ќе останев во брак со него“

Ана Севиќ жестоко му одговори на Дарко Лазиќ: „Да сакав да го следам неговиот стил на живот, ќе останев во брак со него“
фото: владимир шпорчиќ

Ќерката на Дарко Лазиќ и Ана Севиќ неодамна славеше роденден.

По тој повод, Ана и организираше забава на која не се појави Дарко бидејќи имаше настап.

Меѓутоа, пејачот ја обвини Ана дека таа е виновна и дека намерно организирала забава кога тој има настап.

Пејачката се огласи и истакна дека тоа не е вистина.

фото: принтскрин

„Да сакав да го следам неговиот стил на живот и датумите кога настапува, ќе останев во брак со него. Навистина не знам кога пее и таа информација не можам да ја добијам ако тој не ми каже. Повеќе пати го замолив да дојде да се договориме, но тоа не се случи. Детето не е виновно да трпи нечија неодговорност“ вели Ана Севиќ.

На прашањето дали е точно дека поради неа, Лорена не го запознала својот брат, Ана вели:

„Секако дека не“.

За потсетување, Лазиќ неодамна стана татко по вторпат т.е го доби синот со својата свршеница Марина Гагиќ