Радио Милева

Ана Севиќ се смирила со момчето? Еве зошто одлучила да му даде втора шанса на бизнисменот

Ана Севиќ се смирила со момчето? Еве зошто одлучила да му даде втора шанса на бизнисменот
фото: Инстаграм

Ана Севиќ неодамна раскина со нејзиното момче односно српскиот бизнисмен Даниел Недељковиќ.

Сепак, српските медиуми сега пишуваат дека наводно Ана повторно е со Даниел, односно пејачката одлучила да му даде втора шанса поради нејзината ќерка Лорена која наводно се денови прашувала за момчето на мајка и.

фото: пинк.рс

„Даниел беше покрај Ана во најлошите моменти, по разводот и сообраќајната несреќа на нејзиниот поранешен сопруг Дарко Лазиќ.Исто така, на Лорена му беше како втор татко, а токму поради тоа ќерката на Севиќ не може да го издржи отсуството на Даниел. Лорена секој ден ја молеше да се јави на Даниел и дека многу му недостига. Барањата ја нејзината ќерка ја натераа Ана да ги надмине несогласувањата и да даде втора шанса на Недељковиќ“ вели изворот.

фото: е сток

Пејачката пред две вечери се појави на едно случување во Белград, а кога завршила забавата Даниел дошол да ја земе Севиќ.

По повод овие пишувања, Ана се уште се нема огласено.

За потсетување, Ана неодамна истакна дека наскоро се враќа на музичката сцена, односно дека подготвува нови песни и ќе започне со настапи.

Останати вести од Радио Милева