Радио Милева

Ана Севиќ поради вонредната ситуација ја одложи свадбата со српскиот бизнисмен?

Ана Севиќ поради вонредната ситуација ја одложи свадбата со српскиот бизнисмен?
фото: Инстаграм

Пејачката Ана Севиќ оваа година се мажи за Даниел Недељковиќ со кој е врска повеќе од две години.

Само неколку месеци откако се разведе од Дарко Лазиќ, Ана е подготвена повторно да заплива во брачните води, пишува блиц.рс

„Се забавуваат две години и сфатија дека е време врската да ја „стават на повисоко ниво“. Прво, планираат да започнат заеднички живот. Претходните денови тие го уредуваа станот, но мораа привремено да стопираат“ вели извор и додава дека по преселувањето ќе започнат со планирањето на свадбата.

фото: инстаграм

„Нивна желба е да свадбата биде голема и со нив да бидат сите пријатели, колеги и соработници“.

Ана Севиќ накратко ги прокоментира овие пишувања.

„Секако дека нашите планови се одложени поради вонредната ситуација во која се наоѓаме“ изјави Ана.
За потсетување, Севиќ зад себе има брак со Дарко Лазиќ со кој ја има ќерката Лорена.

Останати вести од Радио Милева