Радио Милева

Ана Севиќ отворено: Направив се’ нашиот брак со Дарко Лазиќ да успее, ама… (ФОТО)

Ана Севиќ отворено: Направив се’ нашиот брак со Дарко Лазиќ да успее, ама… (ФОТО)

Ана Севиќ и Дарко Лазиќ по распадот на бракот се свртеа секој кон својот живот, имаат нови партнери, но на законскиот брак се’ уште не ставиле точка. На прашањето дали е вистината дека еден од нив го кочи разводот, Ана одговори:

“Јас не сакам повеќе да се занимавам со тоа. Ќе се случи наскоро. Јас ставив точка оддамна. Тоа се оддолжи  и мислам дека е крајно време да се стави крај на тоа. –  изјавила Севиќ за IDJTV .
“Ние сме во добри односи, како што и секогаш сме ги имале” – додала пејачката со широка насмевка.

“Луѓето што и да мислат и медиумите што и да пишуваат, Дарко и јас знаемекаков е нашиот однос и дека никогаш не сме имале проблем во тој поглед. Ние едноставно се оддалечивме. Имаме различни погледи на животот, различни приоритети, желби и мисли. Надвор од секој ум е дека некој ќе живее по терк на другиот или ќе биде  попречен во многу работи ако другата личност од  двојката не го сака тоа. Разводот не е нешто што се случува преку ноќ. Ова е нешто, за  што  многу долго се размислува. Во мојот случај, кога бев сигурна дека се’ што можеше да се направи – направив овој брак опстане, а кога тоа не успеа, јас ставив крај  и тоа е тоа“ – вели Ана.

“Немам причина да не бидам пријател со лицето со кое  имам дете. Се додека тоа зависи од мене, тоа ќе биде така. Се разбира, ова важи и за секоја  личност со која тој ќе биде во неговиот живот, бидејќи тоа лице што тој го одбрал ќе поминува колку, толку време и со моето дете, и нема потреба, моето дете да биде таму во негативна атмосфера. Јас никогаш не би го дозволиле тоа“ – заклучила Севиќ.

Останати вести од Радио Милева