Радио Милева

Ана Севиќ ја откри единствената вистина за раскинувањето со бизнисменот Даниел

Ана Севиќ ја откри единствената вистина за раскинувањето со бизнисменот Даниел
фото: Инстаграм

Деновиве српските медиуми пишуваат дека Ана Севиќ ја раскинала двегодишната врска со нејзиното момче Даниел Недељковиќ, а многумина наведоа дека причина за нивното раскинување е Дарко Лазиќ.

Имено, откако Ана е фотографирана со поранешниот сопруг и нивната ќерка Лорена започнаа шлекулациите дека тие повторно се заедно.

фото: е сток агенци

По сите написи, Ана одлучи да се огласи и за ало.рс да ја открие единствената вистина.

„Навистина не сакам повторно да се пишува за мојот приватен живот бидејќи имаше премногу. Што се однесува за приказните дека сум ја раскинала свршувачката со Даниел, тоа не е точно бидејќи никогаш и не бевме свршени.Исто така мојот поранешен сопруг нема врска со моето раскинување“ вели Севиќ и додава:

„Со почит кон човекот кој две години беше дел од мојот живот, како и со почит кон неговите прекрасни родители, нема да давам коментари на таа тема“ вели пејачката за „Ало“.

фото: ана севиќ

Од друга страна, и Дарко Лазиќ се огласи по пишувањата дека наводно Ана раскинала токму поради него.

„Не сакам да коментирам. Нејзиниот живот, нејзина работа. Јас одамна не сум дел од нејзиниот живот, тоа се нејзини работи и нека ги решава сама. Она што се сигурно е дека нема врска со мене“ вели Дарко.

фото: ф.јованов/рас србија

За написите дека наводно тој се скарал со свршеницата и дека наводно Марина се плаши дека Дарко ќе ја остави бидејќи Ана е слободна, Марина вели:

„Еве целата се стресов“ вели Марина низ насмевка.

За потсетување, Марина неодамна му роди син Дарко, а од првиот брак со Ана Севиќ ја има ќерката Лорена.

Останати вести од Радио Милева