Радио Милева
нема против, но не е ни за...

Ана Радуловиќ е новата водителска ѕвезда на Ред ТВ: Цицлестата водителка во дилема дали да влезе во „Задруга“ или во релното шоу да го испрати сопругот? (ФОТО)

Ана Радуловиќ е новата водителска ѕвезда на Ред ТВ: Цицлестата водителка во дилема дали да влезе во „Задруга“ или во релното шоу да го испрати сопругот? (ФОТО)

Сексапилната Ана Радуловиќ се здоби со голема популарност како водителка на шоуто „Прашувам за другар“ на новоформираната „Ред ТВ“, кое се занимава со настаните во реалното шоу „Задруга“.

Покрај тоа, цицлестата водителка учесвувала и во снимањето музички спотови за песни кои имаат милионски прегледи, а исто така имала и успешна соработка со Ненад Маринковиќ Гастоз. Повеќе од пет години, Ана ужива во среќен брак со „Ѕвездата на Гранд“, Мирче Радуловиќ, со кого го има и синот Коста.

Еве што одговори атрактивната бринета  за тоа дали таа би се согласила и самата да влезе во едно ријалити како што е „Задруга“?

„Сè уште не сум го добила покана за учество, но гледам дека овие жени кои ми се јавуваат и ме поддржуваат би сакале да ме видат во „Задруга“. Тогаш често се шегуваме дека ќе влезам во догодина, во следната сезона, во „Задруга 5“. Иако имам семејство и син и мислам дека засега моето место не е во едно ријалити, но ќе видиме. Јас се наоѓам повеќе во водењето на шоуто, снимањето, но, кој знае?! Никогаш не вели никогаш, но не и засега. Јас не сум противник, да немав сопруг и дете, можеби ќе влезев и мислам дека ќе успеев таму добро да се снајдам. Висината на хонорарот не е важна, колку е што важно да бидам покрај моето дете.

Повеќе би сакала таму да го испратам сопругот! Тој е пејач и е во тој свет, ако ме прашувате, повеќе би сакал да го испратам него, и да можам  убаво да го гледам во топлината на домот со своето дете. 100% му бверувам, така што не би имало проблеми“ – вели сексапилната водителка. 

Фото: Инстаграм принтскрин/ana_radulovic_

Останати вести од Радио Милева