Радио Милева
како се пишува љубов?

Ана Николиќ во вакво издание ја знае само една личност (ФОТО)

Ана Николиќ во вакво издание ја знае само една личност (ФОТО)

Пејачката Ана Николиќ не крие дека нејзиниот свет се смени откако стана мајка, а сега сподели интимен момент со својата ќерка Тара.

Ана објави фотографија на која си игра со својата наследничка во кревет, пред да отиде на спиење и јасно стави до знаење колку ужива во мајчинството.

„Како се пишува љубовта?“ – напиша Ана на фотографија  на која лежи на креветот во прегратка со нејзината ќерка и откри дека тие лудуваат и баш им е забавно секоја вечер пред спиење. Лајковите набргу се нижеа во бескрај, а со нив  и коментарите: „Па, ова е љубов“, „Убава“, „Мајка и ќерка – најубави“…