Радио Милева

Aна Николиќ се огласи по шпекулациите дека е во врска со својот возач – ова е нејзината реакција

Aна Николиќ се огласи по шпекулациите дека е во врска со својот возач – ова е нејзината реакција
фото: Принтскрин/инстаграм

Српските медиуми пишуваа дека наводно Ана Николиќ веќе два месеци е во врска со нејзиниот личен возач, Иван.

Наводно, Ана ги криела овие информации од јавноста, како и од нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуришиќ Раста.

На раперот, тоа наводно, не му се допаднало.

– Кога Раста слушна дека Ана е во врска со возачот, тој полуде, а Ана е пресреќна во новата врска! Иван ја третира како принцеза. Тој дури ја натера Ана да ги намали килограмите – наведе изворот за наведениот медиум.

Според изјавата, Ана и Иван биле во Македонија минатата недела и тогаш Раста дознал за нивната врска.

По овие пишувања, Ана се огласи на својот „Инстаграм“ профил и ги демантираше овие пишувања.

„Виеси давате за право да без причина, докази, апсолутно неосновано, пишувате вакви гадости. Покрај тоа што ме навредувате мене, вовлекувате и невиновни луѓе и семејства кои не се должни да слушаат вакви лаги. Е, па пријатели мои ова е за затвор. Срам да ви е. Ви стигнуваат неколку тужби. Срам да ви е“ напиша Николиќ на својот профил.

Останати вести од Радио Милева