Радио Милева

Ана Кокиќ направи драстична промена на изгледот, а сега објасни зошто го направила тоа (фото)

Ана Кокиќ направи драстична промена на изгледот, а сега објасни зошто го направила тоа (фото)
фото: инстаграм/анакокиќ

Ана Кокиќ по разводот од Никола Раѓан вели дека не планира повторно да се мажи, но и дека многу повеќе внимава со луѓето.

Пејачката по завршувањето на вонредната состојба во Србија, потполно го промени изгледот. Имено, таа ја скрати својата долга коса и сега има потполно нов имиџ.

Многумина се прашуваат дали тоа го направила бидејќи има и промени во нејзиниот приватен живот.

фото: инстаграм/анакокиќ

„Не постои друга причина освен таа што косата ми беше многу оштетена и морав да ја скратам за да имам убава фризура. Факт е дека никогаш од почетокот на мојата кариера немав кратка коса, па тоа предизвика многу внимание, но навистина нема друга причина“ вели пејачката.

На прашањето дали планира повторно да се мажи, Кокиќ одговори негативно.