Радио Милева

Aна Бекута заврши на лекови поради Марија Шерифовиќ: „Ова ги помина сите граници“

Aна Бекута заврши на лекови поради Марија Шерифовиќ: „Ова ги  помина сите граници“
фото: рајко ристиќ

Ана Бекута и Марија Шерифовиќ се скараа како никогаш досега.

Имено, во „Ѕвездите на Гранд“ сме навикнати да гледаме кавги меѓу членовите на жирито, но овој пат кавгата меѓу Марија и Шерифовиќ ги надмина сите граници. Откако Марија и упатила тешки зборови на својата колешка, се вмешал и Милутин Мркоњиќ Мрка.

„Мрка полуде кога дозна дека Ана испила лек за смирување. Тој ја почитува Марија, ги сака нејзините шеги и смисла за хумор, но мисли дека овој пат претера и поради тоа и се слоши на Ана“, вели извор за свет.рс кој бил на лице место и ја затекол Ана во бекстејџ.

фото: Инстаграм

„Што ми е потребно ова! Да се карам и нервирам. Поради што? Да ги нарушувам здравјето поради некои кои не знаат да те почитуваат, да имаат почит кон тебе како колешка, човек, пејачка. Се најдоа мене да ме понижуваат пред камери. На што личи? Ова ги надмина сите граници. Не можам повеќе. Каде му е крајот на ова безобразие“ зборувала Ана во бекстејџ.

Како што вели изворот, во еден момент Ана од чантата извадила лек за смирување и го испила.

Кога Саша Поповиќ видел дека ја нема Ана се појавил во бекстејџ за да разговара со неа и да и објасни да не сфаќа се лично.

фото: Инстграм

По некое време, Бекута се вратила во студиото и на својата позиција.

Потсетуваме, Ана и Марија се скараа во една емисија кога Шерифовиќ  и кажа дека се одмаздува и многу лично ги сфаќа коментарите.

Останати вести од Радио Милева