Радио Милева

Ана Бекута откри колку се променил нејзиниот живот откако е во врска со Мрка

Ана Бекута откри колку се променил нејзиниот живот откако е во врска со Мрка
фото: марина лопичиќ

Ана Бекута ужива во врска со некогашниот политичар Милутин Мркоњиќ Мрка.

Во интервју за „Глоси“ таа проговори за врската со Мрка, кога престанала да пуши, дали готви и многу други детали од нејзиниот приватен живот.

Ана истакна дека го чува својот добар вокал благодарение на тоа што престанала да пуши цигари пред седум години.

На прашањето дали готви за Мрка, Бекута вели:

„Често готвам кога сум дома, но се на маслиново масло. Често ќе ми се приклчат домашните и Милутин, им се допаѓа мојот режим“ вели Бекута.

 

View this post on Instagram

 

💞✌ #anabekuta #svesamsteklasama

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1) on


Кога станува збор за тоа дали дома сама средува или има помошничка, Ана вели:

„Не можам сама да средувам. Ретко кога тоа го правам. Еднаш во неделата доаѓа Снежа  која ми помага и се ќе среди како треба, така веќе седум години. Јас единствено чистам во кујната кога готвам“ вели пејачката.

фото: Инстаграм

Таа откри колку и се променил животот откако Мрка не е на позиција.

„Помирно живееме. Тој веќе шест години не е во политика, тогаш даде оставка. Ми помага, често патува со мене на настапи.

Ана објасни дека се чувствува сигурно кога е Мрка со неа на настапи.

На прашањето дали колегите и барале некои услуги додека Мрка бил на позиција, Ана вели:

„Да, бараат и денес. Помогнеме кога можеме. Милутин помогнал на многу луѓе во текот на својата кариера. Кога и да патуваме често ни доаѓаат луѓе и велат дека никогаш нема да заборават. Тоа е најголема награда за еден човек. Ми годи и на мене кога ги слушам тие разговори“ вели пејачката.

Останати вести од Радио Милева