Радио Милева

Ана Бекута откри каква навистина е Јелена Карлеуша: „Јас ја запознав како искрена и топла пријателка“

Ана Бекута откри каква навистина е Јелена Карлеуша: „Јас ја запознав како искрена и топла пријателка“
фото: дамир дервишагиќ

Јелена Карлеуша и Ана Бекута покрај тоа што се колешки како пејачки, тие се членови и на жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Познато е дека Ана секогаш е добронамерна кон Јелена, а била и пријателка со мајката на Јеца, Дивна Карлеуша.

Ана откри дека имала предрасуди кон Јелена, но дека сега ја доживува на друг начин.

„Јас ја познавав Дивна во текот на целата своја кариера и знам кога Јелена требаше да снима својата прва плоча, Дивна ја имаше мојата поддршка. Долго време соработувавме, без интерес и бевме пријателки. Јелена сигурно знае и е свесна за тоа. И таа имаше предрасуди исто како и јас. Јас неа ја запознав како топла и искрена пријателка која е подготвена да помогне  на пријателите, јас така ја доживувам“ изјави Бекута за Јелена.

фото: Принтскрин/јутуб

Инаку, иако пред камерите секогаш е сурова и знае да упати многу тешки критики и зборови, нејзините блиски пријатели и сорабоници тврдат дека Јелена зад кемерите е друга личност и дека секогаш е подготвена да помогне.

За потсетување, Ана неодамна го славеше и својот роденден на кој присуствуваше и Јелена.

 

 

 

Останати вести од Радио Милева