Радио Милева

Ана Бекута нервозна од кандидат во „Ѕвездите на Гранд“: „Ме закопа!“

Ана Бекута нервозна од кандидат во „Ѕвездите на Гранд“: „Ме закопа!“
фото:инсатграм/анабекута

Ана Бекута како и секој ментор во моментално актуелната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, се бори на сите начини на своите кандидати да им обезбеди место во наредниот круг на музичкото шоу.

Освен што минува часови со нив на проби, Ана ги бодри и за време на настапот, а влијае и на тоа останатите членови на жирито да бидат поблаги кон нејзините ученици. Токму поради тоа била изненадена од она што го направи Јован Маркович, 21-годишник од Ужице, кој е во нејзиниот тим.

Имено, Бекута неколку минути водеше полемика со колегите, истакнувајќи дека грешат за Јован.

-Имавме грешка и едниот и другот – призна низ насмевка Марковиќ објаснувајќи дека и тој и неговиот дуалист имале пропусти.

фото:принтскрин

-Што зборуваш Јован?- викна Ана.

Вики Миљковиќ се обиде да го оправда, истакнувајќи дека е „поштен и реален“, но Ана не можеше да се смири.

-Како ме закопа!, Ме закопа, а јас тука се борам за тебе! Сега ме навреди… не можеше да дојде на себе Бекута, додека Поповиќ и порача:

-Браво Јован ти си едно поштено дете за разлика од твојата менторка која врши притисок – завршува Поповиќ.

Останати вести од Радио Милева