Радио Милева

Амал Клуни во фустан стар 12 години ги засени сите славни гости во Бекингамската палата (фото)

Амал Клуни во фустан стар 12 години ги засени сите славни гости во Бекингамската палата (фото)
фото: profimedia

Амал Клуни уште еднаш го привлече вниманието со својот изглед отколку со професионалните достигнувања.

Ги засени сите славни личности кои беа почесни гости на принцот Чарлс на хуманитарната вечера во организација на „Prince’s Trust“, чија амбасадорка е Амал.

Англија стана дом на брачната двојка Клуни откако се венчаа во 2014 година. Затоа не чуди што Амал (41) и Џорџ (57) беа почесни гости на принцот Чарлс во Бекингамската палата во вторникот вечерта.

фото:profimedia

Адвокатката за човечки права воодушеви во долгата бела тоалета со шлеп и изглдаше елегантно и потсетуваше на дамите од стариот Холивуд.

Интересни се две нешта, фустанот е винтиџ и стар 12 години, а Амал го купила од луксузен бутик специјализиран за раритетни парчиња.

фото:profimedia

Освен нив, меѓу угледните гости од светот на шоу-бизнисот се појавија и актерите Бенедикт Кумбербатх, Лук Еванс, Џош Хартнет, Тамсин Егертон и други.