Радио Милева

„Амадеус бенд“ пред свои очи гледаа ужас во Кочани: Момче буквално си ги пресече вените пред нив!

„Амадеус бенд“ пред свои очи гледаа ужас во Кочани: Момче буквално си ги пресече вените пред нив!

Изминатиот викенд дефинитивно уште многу години ќе им остане во сеќавање на членовите од српската група „Амадеус бенд“.

За разлика од останатите настапи кои ги паметат, оној од минатата сабота во Кочани нема да им биде со убави спомени, пишува српскиот портал „Србија данас“.

Имено, во дискотека во Кочани, понесен од атмосферата, момче пред сите ги пресекол вените. Настанал вистински хаос и први на помош притрчале музичарите и келнерите, а нивната брза интервенција, како и доаѓањето на брзата помош на лице место, му бил спасен животот.

Иако сакаат што побрзо да заборават на драмата што ја видоа пред свои очи, Александар Стамировиќ, член на групата, проговори за српскиот медиум како навистина се случило:

-Точно така. Неколкупати ми пријде едно момче за време на настапот и бараше повторно да ја отсвириме „Моја земја“. Кога тоа го направиве, наеднаш извлече нож и си ги пресече вените. Бевме шокирани. Келнерот кој беше покрај него брзо го изнесе надвор, а брзата помош веднаш го однесе во болница. За среќа го спасија и се заврши добро, вели Александар за „Ало“ и додава:

-Беше голем шок за нас, бидејќи никогаш не сме доживеале ништо слично. Би ја искористил приликата да апелирам на сите кои не почитуваат, дека ова не е начин да се сака музиката и дека е апсолутно непоимливо да се повредуваат себе. Музиката е тука за да ни го направи животот поубав, а не да нанесува болка, вели потресениот музичар.

Останати вести од Радио Милева