Радио Милева

Александрар Тарабунов се „запали“ од стомачната танчарка која му играше за роденден (фото)

Александрар Тарабунов се „запали“ од стомачната танчарка која му играше за роденден (фото)
фото:александартарабунов/инсатграм

Поп-пејачот Александар Тарабунов-Тара стапна на прагот на четвртата животна деценија.

Јубилејниот 30-ти роденден Тара го прослави во големо друштво меѓу кои беа и дел од неговите колеги.

Меѓу присутните кои се забавуваа на роденденот на пејачот, кој се случи на еден приватно изнајмен простор со базен, се најдоа и: Роберт Билбилов,  Дарко Димитров, Елена Ристеска…

Специјалното изненадување за Тара беше стомачниот танц од танчарката која го „запали“ славеникот.

Кога егзотичната танчарка почна да го тресе стомачето, Тара не можеше да одолее, а да не ја допре.

Тортата не беше нешто многу голема, но затоа забавата беше на ниво. Среќен роденден!

Еве ја атмосферата во продолжение:

фото:инсатграм/александар тарабунов