Радио Милева
нема секс, без една на екс...

Александра Живојиновиќ доби улога во ТВ серија, ама Прија не можела да снима „жешки“ сцени: „Морав да испијам чашка ракија за да се опуштам“

Александра Живојиновиќ доби улога во ТВ серија, ама Прија не можела да снима „жешки“ сцени: „Морав да испијам чашка ракија за да се опуштам“

На Александра Живојиновиќ и била понудена улога во една серија, каде меѓудругото требала да снима и неколку еротски сцени. Во неа таа го толкува ликот на пејачката Мила која се вљубува во погрешен човек. Сепак, таа, наводно, тоа го одбила, дури и по цена да не се појави  воопшто во проектот.

„Кога прочитав во сценариото дека треба да ја снимам страсна еротска сцена, им реков дека не можам. Не сакав да го сторам тоа по цена и да ја изгубам улогата. Тогаш тоа го сторивме многу поинаку, но не можам да ги откривам деталите. Играм пејачка која е на почетокот на нејзината кариера и која лудо се вљубува, ама во погрешен човек“ – изјавила Прија.


Тешко и одело снимањето на  уште една сцена, па заради тоа и посегнала и по чашка алкохол… за да се опушти.

„Потешко е да се биде актерка од пејачка. Никогаш не сум имал поголема трема и стрес во животот. Сите од екипата во сетот се обидоа да ме опуштат, најмногу  Вук Костиќ и Марко Јанкетиќ. Тогаш ги прашав дали може да добијам една за ракија,  за да можам да се опуштам. Всушност, требаше да во таа сцена да играм потпијанета пејачка, така што навистина пиев ракија за да ја одглумам“ – признала Александра.

Останати вести од Радио Милева