По „Задруга 2“, Александра Суботиќ реши да направи уште една естетска корекција. Сите ги зголемуваат, а таа се реши за намалување на бујните гради, за да изгледа што посекси?! Од овој потег темпераментната бринета очигледно беше повеќе од задоволна.

Прв пат по операцијата, откако ги намали градите, Александра ја раскопча кошулата и го откри своето деколте. Комплиментите не стивнуваат.

„Сакам од мојот кавалер, рози, манири, ривиера… Во кревет потоа може и да го претера“ со овие зборови ја потпиша Александра фотографија што ја објави на Инстаграм, на која се гледа и нејзината симпатија, која не ја остава сама.

Vistina.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.