Радио Милева
реприза на свадбата на векот

Александра Пријовиќ сака да се венча во венчаница стара 27 години која во себе носи емотивна приказна што ќе ве разнежни (ФОТО)

Александра Пријовиќ сака да се венча во венчаница стара 27 години која во себе носи емотивна приказна што ќе ве разнежни (ФОТО)

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ќе се венчаат на 21 јуни во Белград, па свадбената церемонија наголемо се подготвува уште отсега!

Со подготовките за свадбата и прославата тие веќе почнаа, така што до јуни ќе бидат подготвени  токму онака како што и обајцата си замислуваа.  Александра беше мета на српските новинари при неодамнешното снимање во „Гранд“ кои меѓу останатите детали за свадбата, ја прашаа и бво каква венчаница ќе се омажи?

Со потпис на “Диор”, 27 години  постара од неа, низ насмевка меѓу редови истакна Пријовиќ, велејќи дека  многу е извесно дека тоа ќе се случи.

Споменатиот венчален фустан не било каков, туку е исто така посебен, но не само заради брендот или цената на чинење. Причината е во тоа што тој во себе носи посебна приказна. Имено, тоа е венчаницата што таа ја носеше Лепа Брена – сега идната свекрва на Александра, на “свадбата на векот” со Боба Живовиновиќ.

Инаку, Александра Пријовиќ одлучила да го земе презимето на Филип, па од 21 јуни ќе биде Александра Живојиновиќ.