Радио Милева

Александра Пријовиќ прв пат ќе го прослави Велигден со синот и Филип: Пејачката откри како се подготвува за овој празник

Александра Пријовиќ прв пат ќе го прослави Велигден со синот и Филип: Пејачката откри како се подготвува за овој празник

Александра Пријовиќ се породи пред повеќе од еден месец,  а своето слободно време го поминува со својот син Александар.

Пејачката откри дека овој Велигден прв пат ќе го прослави со синот и сопругот Филип Живојиновиќ, а како што вели во нејзиниот дом на Бежаниска коса се е подготвено за празникот.

фото: владимир шпрочиќ

„Иако е Александар е мал, ние се потрудивме домот да го украсиме за Велигден. Ќе фотографираме и тој кога ќе порасне ќе има прилика да види како изгледал неговиот прв празник со мама и тато. Навистина се потрудвиме се да биде совршено. За мене овој празник е посебен бидејќи тој е прв празник со нашиот Александар“ вели Пријовиќ и додава:

„Јас и Филип ги вапцуваме јајцата на „Велики Петок“. Ја сакам да се шарени. Обавезно постиме на Велики Петок. Филип и јас така сме воспитани и таа традиција се пренесува на нашата куќа“ вели пејачката.

фото: принтксрин

Таа откри дека сега најважно и е бебето, но и дека снимила песни кога била бремена.

„Песните излегуваат во јули, а мојот прв настап е закажан за 11 јули. Ќе работам цело лето, но навистина гледав да биде што поблиску, за да можам наутро да се вратам дома додека спие Александар.Тоа сега ми е најважно, да поминувам повеќе време со него. Животот оди понатаму и јас морам да продолжам да работам“ вели Пријовиќ.

Александра вели дека нејзиниот син е многу добро бебе, па знае да спие и по седум часа.

фото: дамир дервишагиќ

„Знае да спие и не е бебе кое често плаче. Кога плаче знаеме дека е гладен и дека мора да го пресоблечеме, или има грчеви. Тој не е бебе кое плаче често и навистина немаме проблем со него,а секој кој ќе го види вели дека е добро бебе“ вели Александра.

Пејачката истакна дека во воспитувањето на бебето им помага и бабите на Александар.

„Ние сега живееме сами, но кога ни треба помош тука се моите и родителите на Филип. Бебето сака кога се тука и бабите, кога го хранат и се играат со него“ вели Живојиновиќ.

Останати вести од Радио Милева