Радио Милева

Александра Пријовиќ поради бременоста се повлекува од музичката сцена

Александра Пријовиќ поради бременоста се повлекува од музичката сцена

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ кон крајот на јуни запливаа во брачните води и официјално станаа сопруг и сопруга.

Пријовиќ ужива во првите месеци во бременоста, а во март следната година парот ќе стане родители на нивното прво дете, односно момче.

„Не знам каде ќе се породам, дали тука или во Америка. Досега не се огласував во медиумите поради мојата состојба, ова е првпат. Сите интервјуа, изјави се лажни. Не сакам многу да зборувам, тоа е моја интима“, неодамна изјави Пријовиќ за Гранд.

Откако дозна дека е бремена, Александра откажа неколку настапи, а сношти во Швајцарија го одржа и последниот настап пред да се повлече.

Нејзините фановите коментираа дека никогаш не изгледала поубаво.

 

View this post on Instagram

 

Hvala🇨🇭❤️ #kositi @sasamatic_official

A post shared by Aleksandra Zivojinovic (@aleksandra__official) on

Пријовиќ на кратко ќе се повлече од музичата сцена за да ужива во бремноста, а ќе се врати по породувањето, пренесуваат српските портали.