Радио Милева

Александра Пријовиќ отворено проговори за тоа што мисли за Боба и Брена

Александра Пријовиќ отворено проговори за тоа што мисли за Боба и Брена
фото:инсатграм/александраживојиновиќ

Младата пејачка Александра Пријовиќ ужива во бракот и мајчинството, а како што открива за српските медиуми, одлично се согласува со свекорот и свекрвата. Имено, снаата важи за миленичка на Боба во куќата, а лепа Брена и е голема поддршка и што се однесува на музиката.

-Така е, тој мене многу ме сака, како и јас него и многу ми е драго што тоа е така. Тој е прекрасен човек и некој што навистина го гледам како свој татко, вели Александра.

фото:инстаграм/лепабрена

Таа реши брзо по породувањето да се врати на кариерата, а еве што Брена и кажала кога ја слушнала новата песна.

-Кога и ја пуштив, се воодушеви и многу и се допадна песната. Тоа многу ми значи бидејќи сакам да и ја пуштам секој пат, кога и да имам нешто ново и некако на крајот секогаш излегува како што таа ќе каже, вели Александра низ насмевка.