Радио Милева

Александра Пријовиќ откри детали од првиот роденден на синот: „Сите плачевме“

Александра Пријовиќ откри детали од првиот роденден на синот: „Сите плачевме“
фото: С. Крстиќ/рас србија

Синот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, малиот Александар во петокот наполни една година, а младата пејачка откри дека овој момент нејзиното семејство го доживеале многу емотивно.

Пријовиќ откри дека плачела и таа и бабите на Александар.

„Плачев јас, плачеше мајката на Филип и мојата мајка, сите плачевме, секако од среќа“ изјави снаата на Брена во емисијата „Викенд специјал“.

фото: Принтскрин

Таа откри дека не брза кога станува збор проширување на семејството.

„Ова е најубаво што може да му се случи на еден човек, да добие дете, но јас сега не се брзам, нека помина некое време“ вели Александра.

Пријовиќ откри дека нејзиниот наследник личи на Филип.

Брачниот пар на 11 март ќе организира голема забава за 1виот роденден на синот.