Радио Милева

Александра Пријовиќ не може ни да замисли да биде домаќинка во кујна, а Брена за ова има порака до снаата!

Александра Пријовиќ не може ни да замисли да биде домаќинка во кујна, а Брена за ова има порака до снаата!
фото:инстаграм/лепа брена

Фолк ѕвездата Лепа Брена (58) не ја крие радоста што членовите на нејзиното семејство се успешни во угостителството, а иако нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ (56) е врвен готвач, неговата снаа Александра Пријовиќ (23) нема додирни точки со кујната и готвењето.

Како што вели Брена, подобро е Александра паметно да го користи слободното време.

фото:инстаграм/лепа брена

-Не сум ја видела Александра како готви нешто претерано, затоа што мора да работи има мало бебе. Мислам дека многу поважно е да се занимава со семејството и со детето, тоа време да го помине квалитетно со своето дете, отколку да сецка компир и да прави мусака, вели Лепа Брена а со тоа јавно и прати порака на снаата да не се окупира многу да биде домаќинка.

Останати вести од Радио Милева