Радио Милева

Александра Пријовиќ и Лепа Брена во „војна“ поради пари?

Александра Пријовиќ и Лепа Брена во „војна“ поради пари?
фото: промо

Конфликтот меѓу Лепа Брена и Александра Пријовиќ наводно се случил пред една година, па младата пејачка не сака да летува со својата свекрва.

Според пишувањата на српските медиуми, Брена и Александра се во конфликт од почетокот на претходната година кога Брена го продала Гранд.

„Главен проблем меѓу нив е тензијата од почетокот на 2020та година кога Брена по продажбата на Гранд одлучи своето семејство да го почести со одмор на Малдивите и во Дубаи“, вели извор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

„Ги покани Александра, нејзината мајка и Филип, но наместо целиот аражман, на крајот ги плати само авионските карти, па тие мораа да дадат по 5000 евра во хотел. После ова нивниот однос не е ист  и воопшто не комуницираа додека беа на одмор“, вели изворот и додава:

„Свесна дека Брена нема да го промени својот однос кон и Филип, Александра одлучи во иднина да не се зближува“, тврди изворот.

Инаку, ова не е првпат во медиумите да се пишува дека Александра и Брена не се во добри односи, но тие досега неколку пати имаат истакнато дека меѓу нив се е во ред.

Останати вести од Радио Милева