Радио Милева

Александра Пријовиќ ги опиша деновите по породувањето, но и тоа на кого личи синот

Александра Пријовиќ ги опиша деновите по породувањето, но и тоа на кого личи синот
фото:инсатграм/александраживојиновиќ

Пејачката Александра Пријовиќ-Живојиновиќ ужива во мајчинството, а наследникот Александар кој го роди на 6-ти март годинава е центарот на нејзиниот и светот на Филип.

Младата мама Александра со гордост истакнува дека одлично се снаоѓа со бебето, како и дека сопругот најмногу и помага, а открива и на кого личи синот.

-Мислам дека се снаоѓам одлично, иако многу размислував за тоа како ќе биде. Филип најмногу ми помага, ние сме 24 часа со бебето. На почетокот тој беше почесто буден, бидејќи сакаше јас да одмарам и лежам. Првите 10-15 дена Филип го пресоблекуваше, хранеше и чуваше. Царски рез беше во прашање и морав да лежам, да одмарам. Бебето личи на Филип засега, вели пејачката во емисијата „Премиера“.

фото:инсатграм/александраживојиновиќ

Таа пред неколку дена најави дека на 11-ти јули се враќа на сцената, кога ќе го има првиот настап по породувањето и тоа во Белград.

Останати вести од Радио Милева