Радио Милева

Александра Пријовиќ едвај проговори за трагедијата во семејството

Александра Пријовиќ едвај проговори за трагедијата во семејството
фото: Никола Томиќ

Пејачката Александра Пријовиќ ужива во семејната идила со сопругот Филип Живојиновиќ и синот Алкесандар.

Пејачката неодамна беше на заеднички одмор во Монте Карло каде што своите најмили уживаше, а фановите ги почасти со неколку фотографии.

Пријовиќ по одмор настапуваше на фестивалот „Влез“, каде пред камерите проговори за првиот заеднички одмор.

„На одморот беше убаво. Меѓутоа, се случи една трагедија за која ми е тешко да зборувам. Ни беше убаво, тоа беше прво заедничко патување со синот“ вели Александра.

За потсетување, неодамна почина дедото на Александра со кого таа беше посебно поврзана.

Пријовиќ преку социјалните мрежи со емотивна порака се прости од својот дедо.

Останати вести од Радио Милева