Радио Милева

Александра од „Брза кујна“ јавно ги искажа емоциите кон сопругот, а потоа следуваа и честитки (фото)

Александра од „Брза кујна“ јавно ги искажа емоциите кон сопругот, а потоа следуваа и честитки (фото)
фото:александра илиевска/принтскрин/фејсбук

Шармантната водителка на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска стана мажена жена пред точно четири години.

Поминаа четири лета откако таа на својот сакан Александар му кажа „да“ и му се вети на вечна љубов, во добро и зло.

фото:александра илиевска/принтскрин/фејсбук

Токму по повод годишнината од бракот Александра јавно ги искажа емоциите кон саканиот и му напиша:

Те сакам не само за она што си, туку за она што сум кога сум со тебе.
Среќна годишнина од свадбата!!! 02.07.2016 – напиша таа.

Во прилог на емотивните зборови таа објави и фотографија од денот на нивната свадба, а честитките од блиските и пријателите се редеа еден по друг.

Токму меѓу нив се најде и таков во кој се пишува дека двајцата пораснале заедно, па друг се дополни дека нивната љубов трае многу повеќе пред да биде официјализирана со што сега се 16 години заедно.

Да се множат!