Радио Милева
честитки, желби и подароци...

Александра Накова славеше роденден: Честитки од две интересни дами и скапоцен подарок од таинствена личност (ФОТО)

Александра Накова славеше роденден: Честитки од две интересни дами и скапоцен подарок од таинствена личност (ФОТО)

Млада, убава, згодна, сексапилна, провокативна, пожелна… за многумина  – неодолива. Сето ова може со право да и се припише на една од најубавите наши модели и жени воопшто во Македонија, атрактивната гевгеличанка Александра Накова. Се сликаше гола, меѓудругото и за „Плејбој“, се вљубуваше, мажеше, разведуваше, роди, ја следеа афери, скандали, како оној последниот неодамна со Ковид- 19 и наводното апсење на базен во Гевгелија… Но, Накова на сето тоа успеева да му одолее, да го надмине, преброди и одново да плива како „сирена во мирните води“ на животот… Онаков, каков што самата си го зацртала да го живее.

Деновиве Александра славеше роденден. Времето и околностите не се погодени за „масовки“, па сепак, убавицата не пропушти да си го одбележи денот на своето раѓање. Честитки пристигнаа од сите страни и лично и на социјалните мрежи. Другарки, пријателки, пријатели, другари, додворувачи, актуелни или потенцијални љубовници… Секој на свој начин се потрудил да и го честите ХХ-от роденден. На дамите не им се бројат годините, ама затоа им се бројат честитките, а токму две интересни, ништо помалку атрактивни, провокативни, и контроверзни убавици кои меѓу сите останати и се познати на пошироката јавност и упатија роденденски честитки на Накова – секоја на свој начин.

Нејзината „сестра од друга мајка“ како што често знае да ја нарече, познатата трендсетерка и бивша ТВ водителка Мелита Ракичевиќ со заедничка летна фотографија од пред некоја година од грчките плажи и упати топла роденденска порака на својата “друга јас“:

„Среќа е што те имам во животот… Имај среќен роденден и секогаш биди убава, своја и нескротлива“ – и напиша Мелита на другарка и Накова во роденденската честитка на Инстаграм!

Втората, која на јавноста и е позната како контроверзната и конфликтна убавица со „сомнително“ минато e старлетата Тара Симов, инаку  учесничка во последната сезона на регионалното реално шоу „Задруга 3“. Нејзината роденденска  порака, како и самата таа – провокативна „до балчак“. Честитката до Накова повеќе од “сочна”:

„Среќен роденден љубооооооов! Wow… I love You So Much“ – напишала Тара Симов на заедничката фотографија од старите добри времиња! Дека се работи за голема – е јасно, ама каков „тип“ на љубов Тара на Накова и спакува…? Само тие две си знаат!

Како што само славеничката знае од кого и е прстенот со голем скапоцен камен на левата рака, кој не го симнува?!

И дали е само роденденски подарок од таинствена личност или можеби тоа значи дека некој наскоро, одново ќе стапне на „лудиот камен“?

Љубовта е чудна  состојба, иако е велат, минлива… Впрочем, само дијамантите се вечни…  А и најдобри „другарки“ на девојките!

Останати вести од Радио Милева