Радио Милева
одново им цветаат рози

Александра Младеновиќ му даде втора шанса на Михајло: Пејачката и синот на Шабан Шаулиќ, неодамна раскинаа, па сега одново се заедно (ФОТО)

Александра Младеновиќ му даде втора шанса на Михајло: Пејачката и синот на Шабан Шаулиќ, неодамна раскинаа, па сега одново се заедно (ФОТО)

Александра Младеновиќ му даде втора шанса на своето момче Михајло Шаулиќ и ја обнови врската со него.
Пејачката и наследникот на Шабан Шаулиќ раскинаа пред само една недела, а причина за тоа беше запаѓањето во криза на врската и многуте расправии. Тогаш Александра ја потврди оваа информација.

Сепак, се исполни желбата на нивното заедничко опкружување, зашто друштвото беше убедено дека двојката ќе се смири и дека кризата е само моментална. Пред неколку дена, Александра и Михајло се сретнаа, разговараа и ги „испеглаа“ разликите во својата врска, откако сфатија дека не можат без еден без друг друг.

Доказ дека се смириле е фотографијата што ја направија  папараците на српски Курир минатата недела. Двојката беше уловена на забава во едно белградско кафуле и судејќи според насмевките на нивните лица, би се рекло дека се среќни. Колку не можат еден без друг, покажува и фактот дека во еден момент, кога песната го погоди, Михајло тој стана и заигра, па иако Младеновиќ сè уште седеше, тој цело време ја држеше за рака. Потоа, пред сите, тие се прегрнувале и бакнувале, а како што велат очевидци, сега на нивната врска „и цветаат рози“.

Нивните пријатели веруваат дека двојката наскоро ќе застане пред олтар, како и дека веќе разговарале за таа можност. Иако сметаат дека е рано за брак, сепак пријателите сметаат дека тие би можеле да го кажат судбоносно „да“ во средината на следната година. Исто така се шпекулира дека Александра и Михајло наскоро ќе започнат да живеат заедно.

Останати вести од Радио Милева