Радио Милева
ужива со Сара

Александра Илиевска на прошетка со ќерката низ градски парк – еве како изгледа месец ипол по породувањето (фото)

Александра Илиевска на прошетка со ќерката низ градски парк – еве како изгледа месец ипол по породувањето (фото)
фото: принтскрин/инстаграм/александра илиевска

Водителката на „Брза кујна“, Александра Илиевска се породи пред месец ипол односно на 23.01.2021.

Александра и сопругот Александар за првпат станаа родители, а на нивното мало семејство им се придружи ќеркичката за која го одбраа името Сара.

Водителката својата бременост не ја криеше од медиумите, а на социјалните мрежи често позираше со трудничкото стомаче.

фото: принтскрин/инстаграм/александра илиевска

Откако стана мајка, Александра ужива во својата нова улога и во својата нова љубов – ќеркичката Сара.

Семејството Илиевски ужива во секој заеднички момент. Така, беше и викендот зад нас односно петокот кога парот го искористи убавото и топло време да се прошета низ градскиот парк во Скопје.

Александра и Александар ја направија првата прошетка низ паркот, а овој момент го овечковечија со заедничка фотографија.

 

фото: принтскрин/инстаграм/александра илиевска

-Двa основни елементи потребни за одржување на животот се сонцето и љубовта, напиша Илиевска, покрај фотографијата од ќерката.

фото: принтскрин/инстаграм/александра илиевска

Потсетуваме, Александра во 2016 година заплива во брачните води со сопругот Александар Илиевски.

Останати вести од Радио Милева