Радио Милева

Актерот Вендел Пирс воодушевен од Атиџе од „Медена земја“: „Таа го заслужува вниманието што го добива“

Актерот Вендел Пирс воодушевен од Атиџе од „Медена земја“: „Таа го заслужува вниманието што го добива“
фото: гети имагес

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес ноќеска ќе бидат соопштени добитниците на Оскар за 2019 година во 24 категории, според гласањето на членовите на Американската филмска академија кое заврши во вторникот. „Медена земја“ е на чекор до Оскар во категориите документарец и интернационален филм.

Петчлената авторска екипа  – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката  во филмот – пчеларката Атиџе Муратова ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста на 92-рото доделување на најпознатата филмска награда.

Aтиџе веќе го воодушеви Холивуд. Хероината од „Медена земја“ имаше прилика да се сретне со Сара Џесика Паркер која била многу возбудена од средбата со Атиџе.

Меѓутоа, и познатиот актер Вендел Пирс е воодушевен од  хероината на „Медена земја“.

Тој на својот „Твитер“ профил напиша:

„Атиџе Муратова е ѕвезда на Медена земја“. Само што ја запознав на предоскаровската забава. Таа и тоа како го заслужува вниманието што го добива. Ослободување. Во овој момент од нејзиниот живот таа е слободна. Господ да ја благослови. Награда за грижата што ѝ ја дала на мајка си“.

 

фото: принтскрин/твитер

 

Дали „Медена земја“ ќе добие Оскар останува да видиме.