Радио Милева

Актерката сепак сака да го сочува бракот: Нов пресврт за разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит

Актерката сепак сака да го сочува бракот: Нов пресврт за разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит
фото: Профимедиа

Холивудската актерка Анџелина Џоли уште во 2016 година поднесе парница за развод од Бред Пит и уште тогаш ги решаваат правните проблеми за разводот.

Како што пренесува магазинот „The Sun“, Анџелина се предомислила и сака да го сочува бракот.

Извор близок на семејство за овој магазин изјавил дека актерката му дала до знаење на Бред дека сака да ја обнови врската со него, а наводно преговорите за развод ги одоговлекува со надеж дека ќе го спаси бракот.

фото: Профимедиа

„Таа сака повторно да бидат семејство и изгледа не е подговтена да продолжи без него“ вели изворот.

Без оглед  на нејзините напори, Бред не е заинтеренсиран да остане во брак со Анџелина, но е подготвен да остане во пријателски односи пред поради нивните деца.

фото: Профимедиа

„Тој само сака да се реши ситуацијата меѓу нив. Се тоа можеше да се реши пред една година, но таа не сакаше“ додава изворот.

Во текот на својот брак, парот доби три биолошки деца, а вкупно имаат шест.

 

Останати вести од Радио Милева