Радио Милева

Актерката од турската драма „Парампарче“ стана мајка за првпат и го покажа бебенцето (фото)

Актерката од турската драма „Парампарче“ стана мајка за првпат и го покажа бебенцето (фото)

Познатата турска актерка Шукран Овали која македонските гледачи ја запознаа со улогата на Ајше во серијата „Парампарче“, стана мајка за првпат.

Таа се породи пред неколку дена и на свет донесе девојче кое го доби името Михран Ело.

Убавата вест ја споделија со споругот Џанер Еркин со кого се во брак од месец јануари годинава.


Инаку, во турските медиуми пред неколку месеци се појави вест дека Шукран чека близнаци, но сепак тоа се покажа како шпекулација.