Радио Милева
бебе мраз

Ако не знаевте како изгледал Дедо Мраз кога бил бебе, Дарко Илиевски го има одговорот… и тоа на фотографија (ФОТО)

Ако не знаевте како изгледал Дедо Мраз кога бил бебе, Дарко Илиевски го има одговорот… и тоа на фотографија (ФОТО)

Празници се ближат, Нова Година и Дедо Мраз, кого сите го знаат и кој е и што е, како и од каде доаѓа, што носи во торбата… И секако, сите знаат како изгледа најпосакуваниот бел дедо со долга, бела коса и брада! Ама, се запрашал ли некој како изгледал Дедо Мраз кога бил бебе? И видел ли некој негова фотографија од тоа време?

Епа, ако не сте знаеле и виделе како изгледал Дедо Мраз кога бил бебе, пејачот Дарко Илиевски го има одговорот… и тоа на фотографија!

Некогашниот македонски поп-пејач и зет на легендарнот македонски ДЈ Славе Ќелешоски,  со сопругата Ивана од 2016 година се пресели да живее на Флорида во САД. Годинава му беше најсреќна, зашто во октомври сопругата на Дарко на свет го донесе нивното синче кое го доби името Матео!

Новородениот внук прв го покажа дедо Славе, кој се фотографираше и со него и со останатие внуци, горд на своето највредно семејно богатство.

Полека дојде и Божиќ, оној кој во САД, Американците го слават, а малиот мматео наполни цели 2 месеци… Доволни за првата божиќна спомен фотографија и тоа соло!

Како наближува Нова Година, тато Дарко реши да го симне велот на мистеријата и на сите да им покаже како всушност изгледал Дедо Мраз кога бил бебе. Па затоа го облече малиот Матео во мини дедомразовска облека, го фотографираше и пред јавно да ја сподели, под фотографијата напиша:

„Што е девојко? Тоа сум јас… Дедо Мраз“!

А косата, брадата и мустаќите? Чекајте, рано е… Тие допрва ќе му пораснат. Како што ќе му расне и… интересот за девојките!