Радио Милева
осветување...

Ајде попе, освети го ова „Голфче“, па утре да стане „Туарег“… како тоа вашите џипови! (ФОТО)

Ајде попе, освети го ова „Голфче“, па утре да стане „Туарег“… како тоа вашите џипови! (ФОТО)

Осветувањето  вода во домот е еден од познатите прасвославните христијански обичаи. Последниве години до душа, свештениците почанаа да осветуваат се и сешто: кафеани, клубови, дискотеки, фабрики, хали, бутици, продавници, маркети… Со еден збор од мали до големи бизниси! Таму попот доаѓа на лице место и го извршува чинот на осветувањето.

Арно ама, во меѓувреме еве еден чуден пример во кој некој решил да го освети својот статусен симбол на 4 тркала, а свештеништвото решило да си го прошири „бизнисот“. Осветување на нов автомобил. И тоа не било кој, туку најпродаваниот и во 2019 и воопшто на сите времиња во светот – Фолцваген… Овој пат новиот Голф 7. И не било каде, туку среде центарот на Скопје во срцето на МПЦ – Охридска архиепископија, во дворот соборниот храм Свети Климент Охридски.

Човекот си нарачал осветување на новиот љубимец на 4 тркала, па уредно си го паркирал карши главната порта, отворил вратите и багажникот, кренал хаубата… Како да е на прв сервис, а не пред божји храм!

А и попот сериозно си ја сфатил работата, па врти кругчиња околу  гланц новото „Голфче“ од салон, како што врти околу масата во салонот, кога осветува нечија куќа.

„Господе Боже, благослови го овој нов Голф  7-ца, неговиот газда и сите патници што ќе се возат во него, дај му ум да ги почитува сообраќајните правила и прописи, него чувај го од други несовесни возачи, а возилото од дефекти и временски неприлики…“ – „беседа“ по теркот на РСБСП при осветувањето на возилото…

А, сопственикот пред да баци рака на крајот кај дедо попе со некое стотче, петстотче или илјадарче… ќе си посака здравје и среќа за себе и оние што ќе ги вози, едно 150-ина илјади безгрижно поминати километри пред да го шитне и секако, последната желба:

„Ајде попе, освети го ова „Голфче“, па утре да стане „Туарег“… како тоа вашите џипови!“

 

 

Останати вести од Радио Милева