Радио Милева

Адријана Лима за последен пат се прошета како „Ангел на Викторија Сикрет“

Адријана Лима за последен пат се прошета како „Ангел на Викторија Сикрет“

Бразилскиот модел во 1999 година стана дел од брендот „Ангелите на Викторија Сикрет“ .

Адријана Лима уште на самиот ден на ревијата на „Викторија Сикрет“ потврди дека тоа ќе биде нејзина последна ревија на која ќе прошета како „Ангел на Викторија Сикрет“.

Иако речиси две децении владееше на модната писта, Адријана речиси ќе се срушеше кога последен пат се прошета на ревијата.

Беше облечена во раскошна долна облека, имаше огромни крила на грбот, а рацете ги држеше на срце.

Кога пристигна до крајот на модната писта, на одредени снимки се гледа како бразилскит модел застана, вдиша длабоко и ја наведна главата во знак на благодарност.

Лима доби овации од публиката.

Foto: Tanjug/AP