Радио Милева
Внимателно со кубикажата!

Адријана Кеш им прати вознемирувачки поздрав на силиконските дами и им покажа како ќе изгледаат кога ќе бидат баби (фото)

Адријана Кеш им прати вознемирувачки поздрав на силиконските дами и им покажа како ќе изгледаат кога ќе бидат баби (фото)
фото:адријана кеш/инстаграм

За фолк пејачката Адријана Кеш е добро познато дека нема ништо против естетските корекции и силиконите, бидејќи своевремено и самата призна дека ги зголемила градите.

Во денешно време силиконите се незаобиколен тренд, особено на естрадата, па ретки се таквите кои претпочитаат природно издание.

Но, нештата како да излегоа од границите на она „нормалното“ за око, па веќе не се размислува за големината на градите и усните – таа треба да биде што повпечатлива!

фото:адријана кеш/инсатграм

Адријана моментално е на турнеја кај нашинците во Америка, а оттаму преку Инстаграм им прати поздрав на силиконските дами кои претерале со кубикажата.

Чисто за да ги потсети, таа објави фотогтрафија од бабичка која во младоста сакала ултра „напумпаност“, а сега изгледа како што изгледа!

Дали ова беше заплашување, потсетување или и самата си ги постави границите, за утре да не биде она што не би сакала.

Останати вести од Радио Милева