Радио Милева

Адријана Алачки со емотивна порака за роденденот на ќерката: „После седум месеци од мојот карантин се роди моето прво чедо“

Адријана Алачки со емотивна порака за роденденот на ќерката: „После седум месеци од мојот карантин се роди моето прво чедо“
фото: фејсбук

Македонија и светот во периодов поминува низ непријатни и неубави моменти поради коронавирусот.

Имено, поради мерките за зашитата од „Ковид 19“, сите се сме дома во изолација за да се заштитиме од ширењето на вирусот.

Иако сето ова е непријатно, неубаво, тешко, како што се вели „во секое зло има нешто добро“, па доброто во оваа лоша ситуација е што ќе имаме време за себе и блиските, времето ќе го поминуваме со најмилите што речиси ретко се случува бидејќи секогаш некаде брзаме.

Адријана Алачки во овие непријатни времиња има прекрасен, емотивен повод за славење, повод кој ја обележал за цел живот, а на овој ден се радува секоја година, односно станува збор за роденденот на нејзината ќерка. Имено, на вчерашниот ден (15.03.) пред неколку години таа ја роди Грациела, нејзиното прво чедо.

фото: фејсбук

По тој повод, Алачки на својот Фејсбук објави неколку фотографии од нејзината ќерка како дете, а во описот на истата напиша:

фото: фејсбук

Среќен роденден сонце мајкино🎂🎉🥂❤.
На овој ден после седум месеци од мојот карантин на ГАК Скопје се роди моето прво чедо, мојата прва љубов Граци. Целиот мој живот се промени, тоа што мојата мајка ми го кажуваше дури тогаш и поверував. Ниту деновите ниту ноќите не беа исти, спокојни како порано. Првото запознавање, доење, запче, плач, насмевка, болка, се делиш со него. Заминуваш на работа и мислите ти се само кај твоето дете…едноставно само тоа ти е важно. Расте, се менува, го следиш, ги живееш и неговите успеси и проблеми, се додека не се освестиш дека веќе твоето дете, не е дете…тоа дете има дете, семејство свое…свој човек“, пишива Адријна и додава:

фото: фејсбук

И тогаш мислите се на квадрат…повторно од почеток…и така само го мислиш Бога да се сите здрави и живи..затоа што тоа е само желбата на секој родител. А да не зборувам кога ке доживееш да твоето дете прераснало во здрава личност, морална, интелектуална и светска, а од скромност блика..и тогаш важи пораката дека големината и вредноста на еден човек лежи во неговата скромност и едноставност. Тоа е мојата Граци…мојата секојдневна инспирација и дамарот мој. Среќна, здрава, жива…секој Божји ден…посебна си сонце.. единствена..

За потсетување, Грациела е омажена и има ќерка, а Алачки во 2015 година првпат се реалзираше во улога на баба.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева