Радио Милева

Адријана Алачки славеше роденден сама во карантин – еве колку години наполни (фото)

Адријана Алачки славеше роденден сама во карантин – еве колку години наполни (фото)
фото: фејсбук

Изминатите три месеци, многу познати во карантин имаа разни поводи за славење. Некои славеа роденден, други годишнина од брак, трети славеа раѓање на дете, но наместо забави и големи прослави, тие славеа едноставно и скромно, во кругот на семејството, а некои и сами.

Адријана Алачки изминатиот викенд славеше роденден, но таа го прослави сама поради тридневниот карантин.

За женски магазин таа вели дека овој е бил еден од најзабавните родендени.

„Внуката, ќерка ми и зетот не можеа да ми дојдат на гости. А како да дојдат, бевме во карантин. Син ми беше заминат во викендица. Затоа, овој роденден го поминав сосема сама.  Внука ми Јана ми испеа роденденска песна и ми подари торта, но еден ден пред да започне карантинот. Со син ми се видовме на вибер“ вели Алачки.

фото: фејсбук

Таа опиши како изгледал нејзиниот роденденски ден.

„Имав илјадници повици од целиот свет. Телефонот не престана да ѕвони цел ден. Сите судии од „Гастромак“ од сите кониненти ми се јавија. Од Москва пријателите ми снимија специјално видео, од Маурициус коктели ми правеа. Не можете да замислите колку ми беше забавно“, сподели Адријана за женски магазин.

фото: фејсбук

На нејзиниот „Фејсбук“ профил пристигнуваа честитки и пораки од цел свет, а таа им се заблагодари на сите за убавите мисли и желби.

„Драги мои пријатели, познати и непознати, сакам да Ви се заблагодарам што ми го честитавте роденденот, кој го поминав во мојот дом, како совесен граѓанин почитувајќи ги мерките и карантинот, дури и без моето семејство. Но сите ваши повици, пораки и честитки ми го направија денот најубав, како разгледница низ животот ме водевте, како да го гледав најромантичниот филм и да ја читав најубавата книга. Никогаш досега немав таков роденден, толку полн од љубов и внимание со толку пријатели од сите континенти. Ме посетивте дека низ годините си оставивме траги на взаемни дела и почит а од таму и желба да одвоите за мене време и ми ги испратите тие илјадници пораки. Колку сум богата што Ве имам, ве љубам и ми значите. Ден пред карантинот ја добив најубавата торта од внуката Јана. Дај Боже секогаш да имаме убави нешта да споделуваме“, напиша во описот на фотографијата каде е со нејзината ќерка и внука.

фото: фејсбук

Инаку, Адријана наполни 52 години. Среќен роденден, да е жива и здрава.

Останати вести од Радио Милева