Радио Милева

Адријана Алачки го прослави роденденот во друштво на најмилите – еве колку години наполни

Адријана Алачки го прослави роденденот во друштво на најмилите – еве колку години наполни
фото: фејсбук

Адријана Алачки вчера имаше убав повод да се собере со своето семејство и да прослави.

Имено, водителката на „Вкусот со традицијата“ како и секоја година на истиот датум, така и оваа година го прослави својот роденден.

Адријана наполни 52 години, а на нејзиниот „Фејсбук“ се нижеа честитки и убави желби од нејзините пријатели.

Со роденденска честитка се пофали и самата Алачки која објави фотографија со ќерката, синот и  внуката, а во описот напиша:

„Ме поканија на мојот роденден, моите Граци и Баже, а Јана ме изненади во свој стил со роденденска торта. Колку сум богата и среќна мајка…вреди да се живее…ова е сѐ на светот“, напиша Алачаки на социјалните мрежи.

фото: фејсбук

фото: фејсбук

Во изјава за „Женски магазин“ таа истакна дека поради работните обврски немала време да организирала роденденска забава, но за тоа се погрижиле нејзините деца.

„Вчера бев работно во Охрид. И кога децата ме прашаа што сакам да правиме им реков- ништо, нема шанса, во хаос сум. Син ми Благоја и ќерката Грациела ми се јавија и ми рекоа: „Во 20 часот роденденска забава . Присуство задолжително“. И кога ќе ги доживееш овие работи ќе сфатиш колку си богат човек. Децата и внуката Јана ме враќаат во живот. Тие се мојата највредна инвестиција“, ни изјави Алачки.

Алачки истакна дека е горда на своите години

„Со гордост ги носам годините, искуството и зрелоста. Можам да кажам дека ова е најубаво време за мене. Сѐ што си посеал, сега собираш“ вели водителката за Женски магазин.

Останати вести од Радио Милева