Радио Милева

Аделина Тахири за првпат го покажа лицето на синот (фото)

Аделина Тахири за првпат го покажа лицето на синот (фото)

На почетокот на 2018 година популарната албанска пејачка Аделина Тахири го изговори судбоносното „да“ и заплива во брачните води со познат македонски адвокат.

Нивната љубов наиде на многу предрасуди бидејќи се со различна националност, меѓутоа самата Аделина истакна дека таа нема предрасуди кога љубовта е во прашање.

Неодамна, таа истакна дека кога можел еден принц Хари да ја ожени Меган Маркл зошто таа да не може да се омажи за македонски адвокат.

Кон крајот на летото, поточно во август, Аделина и нејзиниот сопруг станаа родители на своето прво дете, синот Јон.

Оттогаш своето слободно време го поминува со сопругот и со синчето.

Тахири на социјалните мрежи често објавува фотографии од своите активности и од синот Јон. Меѓутоа, досега ниту еднаш не му го покажа лицето, се до вчера.

На последната објава  на „Инстаграм“ стои фотографија од малиот Јон, па може да се види дека синчето наликува на мама.

На социјалните мрежи иам и отворено „Инстаграм“ профил на Јон, а веруваме дека тоа го направила пејачката.