Радио Милева

Аделина Тахири го слави мајчинството облечена како снежна кралица со бебето во раце (видео)

Аделина Тахири го слави мајчинството облечена како снежна кралица со бебето во раце (видео)

Уште пред да се оствари во улогата на мајка и да го донесе на свет своето прво синче, албанската пејачка Аделина Тахири по теркот на светските ѕвезди правеше голема забава по повод доаѓањето на бебето.

Неколку недели подоцна се роди малиот Џон, а мама Аделина гордо го наполни својот Инстаграм профил со нови фотографии од својата најголема среќа во животот.

 

View this post on Instagram

 

Thnx to #HeraCompany vetem ti di te besh enderra realitet @rezartashkurta !

A post shared by AdelinaTahiri (@adelina_tahiri1) on


Како за секоја жена, така и за Аделина мајчинството е најубавото нешто што може да се доживее, а сега откако бебенцето наполни неколку месеци, пејачката реши повторно како светска ѕвезда да направи мини спот и фотосесија на која е заедно со својот наследник.

 

View this post on Instagram

 

👼🏼 @rezartashkurta

A post shared by AdelinaTahiri (@adelina_tahiri1) on

Имено, таа позираше во едно студио во Тирана облечена во бела наметка од која потсетува на снежна кралица, а во рацете го држи голото бебенце.

 

View this post on Instagram

 

#Heracompany 👼🏼👼🏼

A post shared by AdelinaTahiri (@adelina_tahiri1) on

Инаку, Тахири се омажи кон крајот на 2017 година со познат скопски адвокат.

фото/видео:инстагргам