Радио Милева
„љубовна тахикардија“

Аделина Тахири е како Карлеуша: Тигреста танга, истурени гради и таен рецепт за слабеење (ФОТО)

Аделина Тахири е како Карлеуша: Тигреста танга, истурени гради и таен рецепт за слабеење (ФОТО)

Албанската пејачка Аделина Тахири во фокусот на македонската јавност беше откако се омажи со познатиот скопски адвокат и почесен конзул на Република Молдавија во Македонија, Серјожа Марков, забремени и го роди синот Јон!

Позната по љубовта кон скапите брендови и марки, Аделина во многу нешта покажа дека има сличен, па дури и ист вкус со српската фолк дива Јелена Карлеуша. Гучи, Версаче, Кензо, Ив Сен Лоран, Порше, Мерцедес… од скапо-поскапо, од луксуз-полуксуз во секое нејзино парче гардероба, накит, обувки, марка автомобили…

Летото и летните горештини наголемо стартуваа, па Аделина одново луксузот го покажа и на кога се викендите или одморот во прашање.

Егзотична дестинација, скап хотел, а таа во танга мини бикини, со истурени гради и извајана фигура на телото, иако од нејзиното породување поминаа само 10 месеци.

Позите, оние пред објективот, како и костимот за капење, слични како кај Карлеуша. Само кај српската фолкерка тангата е леопард, а кај албанската пејачка – тигреста.

Палмата е само декор за потпирање и подобро позирање, а очилата за сонце и останатите аксесоари, за што посилен впечаток на телесниот раскош…

Сепак, Карлеуша како што е познато и покрај редовниот секс, последен пат оддамна не била трудна, но, она што е најпривлечно и најпримамливо кај Аделина е прашањето, како за толку кратко време по породувањето  успеала да ја врати фигурата во врвна форма и кој е рецептот за таквиот изглед?

Дали тајната е во исхраната, вежбањето, конзумирањето некакви напитоци за слабеење и разни суплементи…? Или има и нешто „петнаесето“?

Одговорот лежи во пакетот од сето споменато. Но, она што не се споменува, а веројатно значајно придонесува за симнувањето на вишокот килограми е „тајниот рецепт“ на албанската пејачка од Македонија!

Од фотографијата направена рано наутро во хотелската соба, може да се види каде лежи крунскиот доказ. Или поточно, чие срце и во која прилика, забрзано чука до степен на „љубовна тахикардија“!  Земањето здив на чист воздух на балконот, што се гледа во позадина на фотографијата, е веројатно само последица од „тајниот  рецепт за слабеење“ на пејачката!

А, утринската прошетка низ хотелскиот двор, потоа? Таа му доаѓа како гратис… За „собирање душа“ за ноќната кура за слабеење, можеби?! Само внимателно, за „љубовната тахикардија“, да не премине во аритмија!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева