Радио Милева

Ацо Пејовиќ открива дека Александра Пријовиќ е друга личност кога ќе се исклучат камерите

Ацо Пејовиќ открива дека Александра Пријовиќ е друга личност кога ќе се исклучат камерите
фото:инсатграм/ацопејовиќ

Кумот на Александра Пријовиќ, пејачот и нејзин колега Ацо Пејовиќ, во емисијата „Премиера“ открива како се однесува Александра кога ќе се исклучат камерите. Тој вели дека првпат со помладата колешка и сега кумашинка се запознал пред неколку години.

-Тоа некое прво запознавање беше кога таа се натпреваруваше во едно музичко шоу, а подоцна се видовме и на некои настапи. Главното запознавање беше кога почна да се забавува со Филип, бевме на една прослава и ја видов како го гледа, па му кажав „Стави и прстен и носи ја дома“, раскажува Ацо и додава:

-Таа на телевизија е како под шема, а инаку приватно е некој многу духовит човек, поинаква е, што е нормално. Јас секогаш сакам да кажам дека зезањето сите не тера на циркус, објаснува Пејовиќ во емисијата „Премиера“.