Радио Милева

Ацо Пејовиќ откри детали од бременоста на Александра Пријовиќ

Ацо Пејовиќ откри детали од бременоста на Александра Пријовиќ

Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, синот на Боба Живојиновиќ, Филип Живојиновиќ во март ќе станат родители на нивното прво дете.

Неодамна, Александра изјави дека очекува  момче кое ќе се вика Александар.

Поради својата бременост, Пријовиќ ги откажа сите настапи и ќе одмара до породувањето.

Нејзиниот кум, Ацо Пејовиќ откри детали за бременоста на Александра.

„Не се промени во бременоста, а бракот никогаш не им бил посилен. Таа е потполно сигурна. Сега влегува во фазата каде што сака многу повеќе да јаде“, вели Пејовиќ.

За потсетување, Александра и Филип се венчаа кон крајот на јуни оваа година.