Радио Милева
куме, изгоре ти кесе

Ацо Пејовиќ одлучи што ќе им даде на Александра и Филип: Кумот избра свадбен подарок!

Ацо Пејовиќ одлучи што ќе им даде на Александра и Филип: Кумот избра свадбен подарок!

Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ја подготвуваат свадбата закажана за јуни, а кумот ќе биде, како што е веќе познато, популарниот Ацо Пејовиќ, кој е на два ума што да и донесе за свадба на  невестата.

Пејачот вели дека со семејството секојдневно размислува кој би бил  најсоодветниот подарок за свадбата на пејачката и посинокот на Брена и на крајот веројатно ќе биде она што многу луѓе се обидуваат да го направат во последно време.

„Мислам дека на луѓето во последно време им е најдраго кога ќе им ставите пари во плик! Луѓето тогаш си го купуваат она што им треба. Знаете како беше порано…, шпорет, фрижидер, миксер, машини за перење и други будалаштини. Не сум одлучил што да правам, но сигурно нема да се обрукам“ – изјавил кумот, пејачот Ацо Пејовиќ.