Радио Милева

Ацо Пејовиќ не се штедеше: Кумот на Пријовиќ и Филип откри детали од свадбата

Ацо Пејовиќ не се штедеше: Кумот на Пријовиќ и Филип откри детали од свадбата
Foto: Alo!/ Nenad Vujanović

Поминаа три недели, а српските медиуми се уште пишуваат за свадбата на Александра и Филип Живојиновиќ. Овој пат се огласи и кумот Ацо Пејовиќ, кој се обиде да ја опише атмосферата од тој ден.

-Сите бевме многу весели, сјајна беше свадбата, а тие двајцата заслужија таква веселба. Горд сум и среќен што сум им кум, на такви личности, млади, успешни, кои знаат што сакаат од животот, а уште и така заљубени, изјави Пејовиќ за Ало.рс.

Дека е навистина среќен за нив, покажува и тоа што пред црквата не се штедеше околу бакшишот за музиката. Ацо го опишуваат како највеселиот меѓу гостите.