Радио Милева

Аца Лукас прозбори за долговите, нападот на домот на Цеца и враќањето во „Ѕвездите на Гранд“

Аца Лукас прозбори за долговите, нападот на домот на Цеца и враќањето во „Ѕвездите на Гранд“

Фолк ѕвездата Аца Лукас по два пропаднати брака и една вонбрачна заедница не ја исклучува можноста повторно да заплива во брачните води.

Во интервју за „Блиц“ тој откри за да се случи такво нешто мора да да ја запознае вистинската личност.

„Тоа никогаш не се знае. Глупо е да кажам да или не. Колку сум возрасен, толку се помали шансите да се случи тоа. Не би ја менувал моменталната состојба, но тоа никој не може да гарантира“ вели пејачот за „Блиц“.

Неодамна, добрата пријателка на Аца, Цеца Ражнатовиќ доживеа голема непријатност, односно два автомибили удрија во портата на домот на пејачката.

„Секако дека се слушнав со Цеца и ја прашав дали и треба нешто. Кој нормален може да удри во нечија куќа? Тоа се само психијатриски случаеви. Не беше случаен напад, но зад тоа нема некоја сериозна намера. Тоа се некои психички случаеви на кои им текнало да ударат во домот на Цеца, а што добиле од тоа? Да си го уништат автомибилот. Тоа може да го направи само некој кретен“ вели Лукас.

Во естрадните кругови се шпекулирало дека Лукас е полн со долгови, а пејачот ги демантираше овие информации.

„На кого му е грижа дали сум должен на некој? Тој што зборува нека дојде и нека ми каже. И ако имам позајмено пари, на кого му е грижа? Нека бидат тие должни, па да видиме дали некој ќе им даде пари. Тие што се занимаваат со моите долгови, нека се занимаваат со својот буџет. Сега не сум на никој должен“, вели искрено пејачот.

Претходната сезона, Аца беше дел од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а сега на негово место дојде Џорџе Давид.

Лукас откри дека нема да се врати во музичкото шоу.

„Мислам дека „Ѕвездите на Гранд“ можат да бидат добро шоу и без мене. Јас подготвувам моја песна, имам премногу обврски немам време за „Ѕвездите на Гранд“: Не верувам дека би се вратил“ вели Лукас за „Блиц“.