Радио Милева

Аца Лукас проговори за кавгата со Лепа Брена: „Ме канеше на слава, а зборуваше дека сум коцкар и го*но“

Аца Лукас проговори за кавгата со Лепа Брена: „Ме канеше на слава, а зборуваше дека сум коцкар и го*но“
фото: принтскрин/премијера

Пејачот Аца Лукас овие денови е во центарот на вниманието поради кавгите со неговите колешки од естрадата, а сега откри дека неговата сопруга Соња Вукснановиќ му ги дупчела гумите на автомобилот.

„Не ме интеренсира што мисли Соња за тоа дека не сум ја преболел. Мене ме интеренсира мојата ќерка Викторија. Не морате да ме карате со жената со која имам дете.Таа има фикции во главата бидејќи мисли дека ја шпиунирам нејзината т.е моја куќа. Да сакам да ја прогонувам ќе пратам некого, или да сакам да бушам гуми како неа би пратил некој.  Таа лично дојде пред мојата зграда ги буши гумите и тоа сите го знаат. Беше малку болна и лута. Немам ништо убаво да кажам за неа, но нема да кажам ни ништо лошо бидејќи е мајка на нашата ќерка. Сакам конечно да се разведам од неа бидејќи сакам да се женам“ вели пејачот за Скандал и објасни дека не сака да се договори за разводот бидејќи Соња бара да плаќа алиментација од неколку илјади евра.

фото: дамир дервишагиќ

Тој проговори и за кавгата со Лепа Брена, па тврди дека на неа е лут бидејќи пејачката глумела дека му е пријателка, а од друга страна плукала по него и ја криела Соња дека се гледала со Марко Јариќ.

фото: Принтскрин/твпрва

„Пред да се скарам со Брена, таа се појавуваше на секое снимање на Гранд. Откако настана конфликтот, таа почна да не се појавува. Можеби имала грип кој се вика „Аца Лукас“.Можеби не сум јас причината, но не можам повеќе да чекам да се сретнеме. Луѓето ме прашуваат дали сум лут на неа што ги запозна Марко и Соња. Не е тоа причина, бидејќи Соња и Марко не се запознаа кај Брена. Се запознаа во Белград,  а се гледаа во Мајами. Брена го знаеше тоа, но несум лут на неа поради тоа. Потоа, како пријател и се јавив да ја прашам дали еден ден во Мајами трае 48часа? Не се лутев, само сакав да се пошегувам. Не ја обвинувам Брена за мојот развод, но важно е тоа што таа седеше со мене во куќата, а потоа сешто зборуваше за мене. Не мораше тоа да го каже на мојата поранешна сопруга, туку на некоја сосетка. Што ме поканува на слава ако сум клошар, коцкар, го*но и слично.Имам докази дека го кажа се тоа. Гледајте ја очи кога ќе ја прашате за тоа“ вели Лукас.

Ниту Соња, ниту Лепа Брена не се огласија по овој повод.